Песков со коментар за анкетата на Крим

„Со голема доза сигурност може да се претпостави дека претседателот ќе донесе одлука да се откаже од потпишувањето на договорот под такви услови“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, коментирајќи ги резултатите од истражување на ВЦИОМ за испорака на електрична енергија за Крим под украински услови.

„Првите резултати од истражувањето покажуваат доволно еднолична слика. Се разбира, треба да се почекаат конечните резултати, макар што и од прелиминарните може да се суди за многу нешта“, пренесува „Взгљад“.  

Одговарајќи на прашањето дали руската страна ќе потпише договор за испорака на електрична енергија на Крим, доколку Киев се откаже од барањата за признавање на полуостровот за украински, тој изјави: „Тогаш ситуацијата ќе се смени“.

Зборувајќи за анкетата на ВЦИОМ, Песков потсети дека таа беше спроведена согласно указот на шефот на државата. „Откако од Министерството за енергетика беше информирано за условите кои ги понудила украинската страна за именување на Крим како дел од Украина, претседателот донесе одлука населението на Крим да се разјасни односот на населението на Крим кон проблемот“, рече портпаролот.

„Пред да донесе одлука за потпишување на договорот, претседателот реши да го обезбеди мислењето на Кримјаните. Односно, дали се Кримјаните подготвени за тоа во договорот да бидат именувани како дел од Украина и оттаму да добиваат електрична енергија, или се подготвени, да речеме, до 1 мај на определен дефицит во испораката на електрична енергија, кога ќе биде пуштен во полн ефект енергетскиот мост“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња