На поранешeн американски амбасадор во Москва му „недостасува“ Русија

Поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Макфол, кој беше на должност во Москва од 2012 до 2014 година, отворено зборуваше за својата љубов спрема Русија.

Поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Макфол, кој беше на должност во Москва од 2012 до 2014 година, во интервју за „БазФид“ отворено зборуваше за својата љубов спрема Русија. Дипломатот рече дека по заминувањето од Русија таа му недостасува и дека таа земја за него има посебно место.

Макфол вели дека му недостасуваат комуникацијата и содржајните разговори со паметни луѓе какви што среќавал во Русија многу често.

„Содржајните разговори и богатството и длабочината на меѓусебните односи ја прават Русија вистински посебна“, рече Макфол.

Поранешниот амбасадор истакнува дека токму во студените руски зими се крие тајната зошто Русите умеат долго да разговараат, затоа што не може да се оди на прошетка на такво време.

Макфол исто така зборуваше за тоа како може да се преживее патувањето со руски воз. Амбасадорот е убеден дека со таа цел мора да се има тегла путер од кикирики.

„Во Русија секогаш можете да најдете две работи – леб и чај. Ако имате путер од кикирики, можете да си направите сендвич и така да преживеете“, пренесува „РенТВ“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња