Претседателот на Крим Сергеј Аксјонов го осуди традиционалниот марш со факели што на први јануари беше организиран од страна на украинската националистичка партија Свобода, одбележувајќи ја 107-годишнината од раѓањето на лидерот на Организацијата на украински националисти Степан Бандера, пренесува РИА „Новости“.
„Украина ја почна Новата година со ритуалниот нацистички марш со факели. Срамна традиција, див култ на џелати и предавници стана државна идеологија, за што историска вина пред украинскиот народ сносат киевските власти, напиша Аксјонов на својата Фејсбук-страница.
Зар русофобијата е поважна од споменот на жртвите на Волинскиот масакр, во режија на џганот кој денес маршира низ Украина. Или од жртвите на словачкото востание, во чие задушување учествуваа борци на УПА, прашува првиот човек на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче