Чипот генерира фемтосекундни импулси на светлина со посебен спектар на фреквенции под името „оптички чешел“. Претходно тоа можеше да се постигне само со помош на големи и сложени ласерски уреди.
Научник од Московскиот државен универзитет (МГУ) заедно со колегите создаде чип што може да замени сложен ласерски уред, соопшти во петокот, 1 јануари, прес-службата на МГУ.
„Група руски и швајцарски физичари создаде чип кој генерира фемтосекундни импулси на светлина со посебен спектар фреквенции кој се нарекува „оптички чешел“. Овој чип всушност го прави она што порано можеше да се постигне само со помош на големи и сложени ласерски уреди“, се наведува во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче