Русија поднесува тужба против Украина за долгот од 3 милијарди долари

Киев не го реализираше плаќањето во вкупен износ од 3,075 милијарди долари за сервисирање на долгот спрема Москва. На тој начин, Украина во моментов се наоѓа во состојба на банкрот.

Министерството за финансии на Русија иницираше судска постапка против Украина за долгот од 3 милијарди долари, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува РИА „Новости“.

„Министерството за финансии на Русија соопштува дека Украина не го реализираше плаќањето во вкупен износ од 3,075 милијарди долари за сметка на сервисирање на надворешните државни заеми според обврзниците кои ѝ припаѓаат на Русија во текот на грејс-периодот кој истече на 31 декември 2015 година. На тој начин, во моментов Украина се наоѓа во состојба банкрот во однос на овие обврзници“, се вели во соопштението.

Киев смета дека РФ треба да учествува во реструктуризација на овој долг на истите основи како и приватните кредитори на земјата. Овие услови беа договорени со клубот на кредиторите минатото лето и предвидуваат, покрај продолжување на рокот за плаќање, отпишување на дел од долгот. Покрај тоа, Киев претходно стави мораториум на исплатата на долгот пред РФ.

„Имајќи го предвид изложеното, Министерството за финансии се обрати до компанијата The Law Debenture Corporation plc, во согласност со кредитната документација за обврзниците во својство на доверител на кредиторот и иницираше процедури потребни за итен почеток на судска постапка со Украина. Соодветната тужба ќе биде поднесена во англиски суд“, се вели во соопштението на министерството.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња