Експертите на Технолошки универзитет во Лапеенранта во Финска проектираа за Русија и земјите на Централна Азија модел на енергетски систем кој работи на обновливи извори на енергија, соопшти International Business Times.
Истражувачите од финскиот универзитет сметаат дека таквиот систем ќе може да работи на сончева и геотермална енергија, ветар (60% од целокупната енергија), вода и биомаса. Вкупната енергетска моќност на системот е 550 гигавати што, според моделот, е за 162 гигавати повеќе од моќноста на постојниот енергетски систем.
„Сметаме дека ова е прв во историјата модел на стопроцентно обновлива енергија, разработен за Русија и Централна Азија. Тој покажува дека Русија може да стане еден од енергетски најконкурентните региони на светот“, ги цитира изданието зборовите на еден од авторите на истражувањето Кристиан Бреер.
Според мислењето на експертите, префрлањето на 100% искористена енергија од обновливи извори до 2030 година е цел која може да се постигне. Освен тоа, системот троши помалку од оние кои се базираат на атомска енергија или на технологии со јаглероден диоксид – неговата имплементација ќе ги намали трошоците за 20%, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче