Медиум: Влијанието на Русија во Сирија предизвикува нервоза кај Турција

Еден од главните проблеми на Турција е војната во Сирија и ограничувањето на можностите за влијание врз ситуацијата поради присуството на Русија со која Анкара сега е во крајно затегнати односи, пишува турскиот весник „Хуриет“.

Изминатата година беше тешка за Турција, но и 2016 нема да биде полесна. Голем дел од внатрешнополитичките и надворешнополитичките проблеми останаа нерешени и Турција ќе биде принудена да се занимава со нив во наредните месеци, пишува весникот „Хуриет“.

Еден од главните проблеми на Турција е војната во Сирија и ограничувањето на можностите за влијание врз ситуацијата поради присуството на Русија со која Анкара сега е во крајно затегнати односи. Турските власти поради тоа станаа нервозни, особено во контекст на сириската курдска Партија на демократскиот сојуз. Властите на Турција би можеле да ја регулираат ситуацијата доколку ја затворат 98-километарската граница со Сирија за да го спречат продирањето на терористите од ИД на турска територија. Меѓутоа, тоа би значело „крај за турската политика спрема Сирија во текот на последниве четири години“.

„Граѓанската војна во Сирија веројатно ќе продолжи и покрај обидите за регулирање. Делувањето на Турција како дел од американската коалиција во борбата против ИД ќе биде ограничено од присуството на Русија, доколку Ердоган не изнајде излез во комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин“, се наведува во статијата.

Меѓу останатите проблеми „Хуриет“ го наведува курдското прашање, работата на новиот Устав и економските проблеми кои се делумно последица од расипувањето на односите со Русија. Поради руското ембарго настрадаа туристичкиот и градежниот сектор во турската економија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња