Преносот на електрична енергија од украинска територија на Крим е прекинат поради пад на еден од далноводите, соопшти началникот на управата за информативна политика на „Укренерго“ Зиновиј Буцјо, соопшти во четвртокот телевизијата „112 Украина“, пренесува „Лента.ру.“
„Во текот на обиколката, околу полноќ, беше пријавен паднат далновод. Во мракот не успеавме да направиме детален преглед“, изјави претставникот.
Според неговите зборови, во зависност од карактерот на оштетувањето на далноводот ќе бидат преземени мерки за отстранување на дефектот – ремонт или целосна замена.
Преносот на електрична енергија за Крим од страна на Украина беше прекинат во средата вечерта. Министерот за гориво и енергетика на Република Крим Светлана Бородулина прецизираше дека пред да биде прекината испораката немало никакви предупредувања.
Во ноември Крим исто така остана без електрична енергија поради диверзија на еден од далноводите кои водат од украинска територија до полуостровот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче