МО РФ: Оружјето направено на „нови физички принципи“ ќе ги дефинира ВС РФ

Постојното вооружување ќе биде заменето со примероци со зголемени тактичко-технички карактеристки, изјави заменикот-министер за одбрана на РФ Јуриј Борисов.

Оружјето создадено на „нови физички принципи“ во значителна мера ќе го дефинира обликот на руските Вооружени сили во рамките на новата државна програма за вооружување до 2025 година, изјави заменик-министерот за одбрана Јуриј Борисов, пренесува РИА „Новости“.

„Карактерот на современите конфликти се менува. И несомнено, ние ќе ѝ посветиме внимание при формирањето на активностите за следниот програмски период токму на квалитетната замена на вооружувањето и воената техника. Како замена на постојните примероци ќе пристигнат примероци со повишени тактичко-технички карактеристики… Мислам дека квалитетно ќе порасне улогата и местото на космичката група, несомнено - на високопрецизното оружје, за кое и денеска се зборува како за фантастика – оружје на нови физички принципи“, рече Борисов во четвртокот во интервју за телевизијата „Русија 24“.

„Мислам дека токму тие насоки ќе го дефинираат развојот на системите за вооружување за следниот програмски период“, додаде Борисов.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.