Експертите кои се занимаваат со прогноза за 2016 година советуваат да се обрне внимание на валути како што е руската рубља, затоа што девизните пазари можат наскоро да приредат изненадување, пишува германски „Велт“.
Рубљата во 2016 година може да направи неочекуван маневар. Благодарение на огромното пространство и нејзините големи ресурси руската валута ги има сите шанси да стане валута од глобална важност. Иако кризата со суровините врши дополнителен притисок врз целокупната руска економија, потенцијалот за заздравување на рубљата во 2016 година е сосем голем, пишува изданието, а пренесува РИА „Новости“.
„Доколку цената на нафтата во текот на година почне да заздравува, тоа ќе ѝ даде елан на рубљата“, вели Роналд Шнајдер, експерт за пазари во развој од „Рајфајзен Капитал Менаџмент“.
Сосем е можно во најскоро време руската валута да почне да расте, истакнува авторот на статијата. „Кон крајот на 2016 година руската валута може да зајакне за 20%“, смета Стин Јакобсен, главен економист на „Саксо Банк“. Како потенцијален фактор за заздравување на рубљата тој го смета не само наглиот пораст на побарувачката на нафта во новата година, туку и глобалното разочарување од Федералниот систем на резерви на САД.
Без оглед на тоа што ставовите на разни аналитичари се разидуваат во однос на оценките за раст на рубљата, сите експерти сметаат дека во текот на 2016 година руската рубља ја очекува заздравување, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче