Терористичката организација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за убиството на 1 лице и за ранувањето на уште 11 лица на тврдината Нарин-Кала во Дагестан, соопшти групата SITE Intelligence која ја следи активноста на ИД на интернет.
Во соопштението на ИД се наведува дека „со помош на Алах борците на Калифатот успеаја да извршат напад врз група припадници на руските безбедносни служби во градот Дербент на југот на Дагестан, при што беше убиен еден офицер, а останатите беа ранети“, пренесува ИА „Регнум“.
Ноќта меѓу 29 и 30 декември беше нападната група посетители на тврдината Нарин-Кала во дагестанскиот град Дербент.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче