„Државниот секретар Кери (во текот на одржаниот телефонски разговор во понеделникот со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров) ја изрази нашата загриженост поврзана со тоа што руските напади ги однесоа животите на стотици цивили. Тој исто така укажа на нашата загриженост од убиството на лидерот на „Џаиш ал-Ислам“ Захран Алуш, кој беше лидер на група што го поддржуваше политичкиот процес (за трансфер на власта во Сирија) за престанок на конфликтот“, пренесува „Взгљад“.
Тонер изјави дека САД „гледаат значителен пораст на жртви меѓу цивилното население поврзани со руското бомбардирање“. Исто така, тој изјави дека САД во овие оценки се потпираат на сопствени информации и на „невладините организации кои заслужуваат доверба“.
Истовремено портпаролот го потенцираше присуството на „отворена размена на мислења“ меѓу Москва и Вашингтон.
„Последниве шест месеци или година видовме дека Русија игра поконструктивна улога од политички аспект за прекин на конфликтот во Сирија. Сега сметаме дека ќе го видиме тоа од воен аспект“, изјави портпаролот на Стејт Департментот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче