Русија работи на супертешка ракета

Тоа ќе биде фактички „камион“ за превоз на товар до далечните вселенски експедиции, изјави потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин.

Русија пристапи кон создавање супертешка ракета за далечните вселенски експедиции, соопшти потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин.

„Во суштина во новата вселенска програма започна работата над супертешка ракета. Тоа ви го кажувам како сериозна вест“, изјави Рогозин за ТВ-каналот „Русија-24“ ,пренесува „Взгљад“.

Според неговите зборови, тоа ќе биде фактички „камион“ за превоз на товар до далечните вселенски експедиции. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.