Путин со честитки за Нова година и Божик до светските лидери

Претседателот на РФ упати телеграми со честитки до лидерите на САД и Франција, канцеларката на Германија, кралицата и премиерот на Велика Британија, како и до други лидери.

Претседателот на РФ Владимир Путин му ги честиташе Божик и Нова година на претседателот на САД Барак Обама, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.

„Изминатава година потврди дека односите меѓу Русија и САД претставуваат еден од клучните фактори за осигурување на меѓународната безбедност“, се вели во телеграмата. „Шефот на руската држава исто така изрази увереност дека, градејќи конструктивен дијалог и соработка земање предвид на интересите на другиот, Русија и САД би можеле ефикасно да се спротивстават на новите предизвици и закани, да придонесат да решавање на кризите во различни региони“.

Во телеграмата до Меркел Путин истакна дека „2015 година го потврди важното значење на тесната соработка на Русија и Германија за осигурување на европската безбедност, за ефикасно решение на актуелните меѓународни проблеми и спротивставување на предизвиците и заканите со кои се судира современото човештво“.

„Путин исто така изрази надеж за продолжување на заедничката работа за зајакнување на руско-германските партнерски врски во интерес на народите на двете земји и целиот континент“, соопштува Кремљ

Претседателот на РФ испрати и телеграми со честитки до лидерите на земјите од БРИКС: претседателот на Индија Пранаб Мукерџи и премиерот на Индија Нарендра Моди, до претседателката на Бразил Дилма Русеф, до претседателот на ЈАР Џејкоб Зума.

Во честитката до претседателот на Кина Си Ѓинпин рускиот лидер истакна дека измината година беше одбележана со низа значајни настани за односите на Русија и Кина.

Телеграми беа упатени и до лидерите на Куба, Раул Кастро, и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Путин им ги честиташе празниците и на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро и на поранешната претседателка на Аргентина Кристина Фернандес де Киршнер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња