Медиум: Путин му кажал на Кери за правото на Асад да учествува на избори

На средбата во Москва претседателот Владимир Путин му кажал на државниот секретар на САД Џон Кери дека не смее да му се забрани на Башар Асад учество на изборите во Сирија, соопштуваат извори.

Според мислењето на Путин, Асад ќе победи на тие избори. Кери не се огласил со позицијата на Москва, пишува агенцијата „Блумберг“, а пренесува „Взгљад“.

Агенцијата истакнува дека и покрај тоа што САД бараат да не му се дозволи на Асад да биде дел од власта, истовремено со тоа Вашингтон разработува правила за гласање кои ќе ги намалат шансите на Асад за победа.  

Одговарајќи на прашање за судбината на претседателот на Сирија Башар Асад, претседателот на РФ Владимир Путин во рамките на големата прес-конференција истакна дека „ние никогаш нема да се согласиме со нешто што ќе биде наметнато отстрана“. Според зборовите на Путин, позицијата на Русија во однос на ова прашање не се менува – судбината на претседателот на Сирија се наоѓа во рацете на сирискиот народ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.