Лавров: НАТО даде усни ветувања дека нема да се шири на Исток

Согласно Основачкиот акт Русија-НАТО од 1997 година, на територијата на новите членки на Алијансата не треба да има борбени сили на постојана основа, потсети министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

НАТО не презеде правни обврски да не се шири на Исток, но даваше такви ветувања усно, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за „ТВ Ѕвезда".

„НАТО не само што го зачуваа, туку почнаа да го движат кон Исток. Вие веројатно сте читале, сега многумина спорат дали му ветувале на Советскиот Сојуз, уште кога се обединуваше Германија, а потоа и на Русија, да не го шират НАТО на Исток. Ветуваа. Сега ги отвораме архивските документи кои се познати. Впрочем, сега на Запад истекува рокот на важност на многу документи. Тие тоа го објавуваат. Ние сакаме да организираме семинар, можеби, преку нашиот Историско-документаристички оддел, да ги собереме научниците и без политика, реторика и емоции да прочитаме како се одвивале тие разговори. Никаде не е запишано дека правно тие немале право да се шират, дека немале право дури и кога почнаа да се шират, да распоредуваат воена инфраструктура“, рече Лавров.

Притоа тој укажа дека согласно Основачкиот акт Русија-НАТО од 1997 година, на територијата на новите членки на Алијансата не треба да има борбени сили на постојана основа.  

„На крајот на краиштата, кога веќе сѐ беше јасно, дека тие и покрај своите усни ветувања и уверувања се шират мошне упорно и континуирано, ние го потпишавме со нив Основачкиот акт за заемни односи, соработка и безбедност меѓу Руската Федерација и Организацијата на Северноатлантскиот договор (1997 година), каде беше кажано дека не треба да има значителни борбени сили на територијата на новите членки на постојана основа. Прибалтикот, Полјаците и некои други членки на НАТО сакаат сега да го раскинат тој Основачки акт, да излезат од него за да распоредат значителни борбени сили на постојана основа на својата територија“, додаде министерот Лавров, пренесува РИА „Новости“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња