Грбот на Русија ќе го замени орелот на монетите на Централната банка

Од 2016 година државниот симбол ќе го има на аверсите на сите монети.

Централната банка на РФ донесе одлука да се откаже од двоглавиот орел на своите монети. Од 2016 година него ќе го замени Државниот грб на Русија. На него исто така има двоглав орел, но со забележливи разлики. На пример, симболот на Централната банка е претставен без името на државата, скиптарот и круната кои пак ги има на грбот.

„Во светската практика е вообичаено да се претстави на монетите или грбот на државата, или амблемот на центарот што ја пушта во оптек монетата. Банката на Русија почна да ги прави монетите со својот амблем во 1992 година, кога државниот грб на Руската Федерација сѐ уште не беше усвоен. Во 2011-2014 година Банката на Русија ја искористи сликата на државниот грб на монетите во чест на Олимписките игри во Сочи“, истакнува Банката на Русија.

Оттаму потенцираат дека измените на аверсот нема да влијаат на димензиите и тежината на монетите.

„Сите монети на Банката на Русија кои се наоѓаат во оптек во моментов продолжуваат да бидат легално средство за готовинско плаќање на територијата на Руската Федерација“, потенцира Централната банка на Русија, пренесува „ЛајфЊуз.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња