„Стратфор“: Заострување на односите меѓу Русија и Турција во 2016 година

Односите меѓу Москва и Анкара во 2016 година ќе се заострат, се вели во извештајот на разузнавачко-аналитичката компанија „Стратфор“ објавен во понеделникот.

Според мислењето на експертите, Турција ќе се обиде да го зајакне своето присуство на северот на Ирак и, веројатно, подготвува воена операција на северот на Сирија, пишува „Дојче Веле“, пренесува „Взгљад“.

Анкара има намера не само да се бори со терористичката група „Исламска држава“ (ИД), но и да ги задржува сириските Курди, се вели во извештајот.

Според мислењето на експертите, Русија најмалку од сѐ би сакала да влезе во конфликт со Турција, но тоа сценарио е неизбежно, затоа што Анкара го контролира приодот до Црното и Средоземното море.

„Москва ќе се обиде да ги расипе воените планови на Анкара, зајакнувајќи го своето присуство во Сирија, вклучително и за сметка на зголемување на силите на авијацијата на северот на земјата. Вмешаноста на Русија во сирискиот конфликт расте, и тоа може да доведе до ситуација кога Москва ќе мора да решава премногу задачи во регионот“, се истакнува во извештајот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња