Во 2016 година Русија и Украина во една или друга форма ќе се смират, распадот на Европската унија ќе продолжи, а епицентар на финансиската криза ќе стане не Грција, туку Италија, смета основачот на разузнавачко-аналитичката компанија „Стратфор“ и на центарот „Геополитички иднини“ Џирџ Фридман, пренесува РИА „Новости“.
Согласно прогнозата на Фридман, во 2016 година Русија и Украина ќе дојдат до некаков договор – „формален или неформален“ – за украинската криза. „Структурата“ на потенцијалниот договор политикологот не може да ја дефинира, но договорот ќе овозможи запирање на конфликтот. На Американците и нивните сојузници кои имаат заеднички граници со Русија нема да им одговара овој компромис, меѓутоа во Европа ќе има и такви кои ќе се израдуваат на „смирувањето“ на Москва и Киев.
„Германија ќе биде одушевена поради отстранувањето на дополнителното жариште на конфронтација на исток од својата територија. Останатите европски земји, зафатени со други проблеми, ќе се однесат спрема тоа рамнодушно“, го цитира „Хафингтон Пост“ американскиот политиколог.
Меѓу крупните европски проблеми Фридман ја издвојува напнатоста со бегалците во Европа и општата опасност од распад на европската заедница.
„Државите-членки ќе станат поавтономни и силата на институцијата на обединета Европа ќе се намали“, претпоставува Фридман.
Во својата прогноза експертот исто така истакнува дека епицентар на финансиската криза ќе стане Италија, а не Грција, затоа што италијанските власти ќе си имаат работа со високото ниво на невработеност и растот на должничките обврски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче