МНР РФ: Обидите на САД за изолација на Русија претрпеа неуспех

Како што истакнува Министерството за надворешни работи на РФ, Москва очекува од Вашингтон рамноправен дијалог.

Обидите на САД да постигнат изолација на Русија се осудени на неуспех, се вели во соопштението на МНР РФ за резултатите од изминатата година.

„Во минатата година стана очигледен неуспехот на обидите на САД да дојдат до „изолација“ на нашата земја, за што елоквентно сведочи интензивниот билатерален дијалог на високо и највисоко ниво. Ја продолживме заедничката работа со Вашингтон во оние насоки каде таквата соработка им одговара на руските интереси и задачите за обезбедување на меѓународната безбедност и стабилност, вклучително и за ситуациите во Сирија и во Украина. Русија и САД дадоа важен заеднички влог во достигнувањето сеопфатен договор за регулирање на иранската нуклеарна програма“.

Како што истакнува МНР РФ, Москва очекува од Вашингтон рамноправен дијалог.

„Непријателските чекори што ги презема Вашингтон и обидите за притисок врз Русија наидуваа на возвратни дејствија од наша страна. Притоа континуирано им укажувавме на Американците на потребата од задржување во билатералниот дијалог на принципите на рамноправност, заемно почитување и немешање во внатрешните работи со целосно отфрлање на обидите за уцена“, пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња