МНР РФ: Ескалацијата во Украина избегната благодарение на Русија

И покрај обидите на украинската страна да ги избегне обврските што ги презеде, благодарение на доследната соработка на Русија со сите заинтересирани страни избегнавме понатамошна ескалација на вооружениот конфликт и постигнавме почитување на режимот на прекин на огнот, истакнува руското МНР.

И покрај обидите на Киев да ја избегне реализацијата на „Минската спогодба“, благодарение на доследноста и соработката на Русија со сите заинтересирани страни е избегната понатамошна ескалација на вооружениот конфликт во Украина, се наведува во соопштението на МНР РФ за резултатите од изминатата година.

„Русија преземаше енергични и доследни напори со цел регулирање на конфликтот на југоистокот на Украина“, се наведува во соопштението на сајтот на МНР РФ, пренесува „Взгљад“.

„Со активното учество на претседателот на Русија Владимир Путин на преговорите на лидерите од „Нормандиски формат“ (Русија, Франција, Германија и Украина) е изработен пакет-мерки за реализација на „Минската спогодба“ (во февруари) со кој е утврден правецот на дејствување на страните со цел нормализација на односите во Донбас. Февруарскиот договор беше одобрен со Резолуцијата на Советот за безбедност 2202 од 17 февруари како безусловна основа за регулирање на внатрешната украинска криза“, се наведува во документот.

„ И покрај обидите на украинската страна да ги избегне обврските што ги презеде, благодарение на доследната соработка на Русија со сите заинтересирани страни избегнавме понатамошна ескалација на вооружениот конфликт и постигнавме почитување на режимот на прекин на огнот“, истакнува руското МНР. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.