Медиуми: „Роскосмос“ се откажа од летовите со човечки екипаж на Месечината

„Роскосмос“ отфрли од новата верзија на Федералната космичка програма за 2016–2025 година низа програми потребни за истражување и колонизација на Месечината.

Обновената верзија на Федералната космичка програма за 2016–2025 година по кратењето на космичкиот буџет не содржи делови за летови со човечки екипаж на Месечината, соопштува „Известија“, а пренесува РИА „Новости“.

Новата програма на ФКП не содржи програми како што се „Создавање на лунарен комплекс за полетување“, „Создавање лунарна орбитална станица“, „Создавање лунарна база“, „Создавање лунарен скафандер“, „Создавање системи за роботизирана логистика на Месечината“. Според информациите на изданието, ова овозможило да се намали буџетот за 88 милијарди рубли, односно на 329,7 милијарди.

Информацита се појави еден ден откако првиот човек на „Роскосмос“ Игор Комаров во интервју за „Комсомолскаја правда“ изјави дека без оглед на финансиските проблеми, „ја задржуваме програмата за истражување на Месечината. Ќе има пет автоматски експедиции. Се формира лунарна програма за летови со човечки екипаж“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња