На почетокот на декември 2015 година Црна Гора доби официјална покана да стапи во Северноатлантската алијанса, пишува „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“. На тој начин, покрај Украина, во Источна Европа останаа само неколку држави кои сѐ уште не се членки на НАТО.
„Судејќи според сѐ, САД со сите сили се обидуваат да ја истиснат Русија од Европа. Доколку Црна Гора се присоедини кон западниот воен блок, тогаш од сојузниците на Москва на европскиот континент останува само Србија“.
Членството на Црна Гора во НАТО, меѓутоа, уште повеќе ќе ја влоши положбата на Белград, кој и онака се наоѓа во изолација, пишува изданието. Ако Запад успее дефинитивно да ја изолира Србија, тогаш балканската република многу брзо нема да може да се спротивстави на економскиот и политички притисок од страна на САД и ЕУ.
„На тој начин САД и НАТО би го реализирале својот план за истиснување на Русија од Европа и распоредување на свои сили на руската граница“, потенцира изданието, а пренесува „ИноТВ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче