Претседателот на Украина Петро Порошенко можеше да инсистира на исполнување на „Минската спогодба“, но повеќе сакаше да насобере политички капитал од ова прашање, смета шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пишува РИА „Новости“.
„Порошенко ги имаше сите можности да ги протурка преку радикалите, преку екстремистите, кои се обидуваа да ги обвинат за национално предавство, одлуките кои би го реализирале овој важен документ“, изјави министерот во интервју за телевизијата „Ѕвезда“.
Според неговите зборови, место тоа, украинскиот претседател почна сам да игра на картата на екстремистите, постојано обвинувајќи ја Русија за агресија и окупација.
„Дури и самите термини кои беа употребувани кажуваа дека тој сака да се закача и со самото тоа, веројатно, да собира некакви внатрешнополитички поени. Колку успеал, не знам. Рејтинзите кажуваат обратно“, потенцираше Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче