МНР Русија ги наведе трите неуспеси во 2015 година. Константин Долгов, задолжен за човековите права, демократија и владеењето на правото смета дека на прво место е коалицијата на САД која, според него, симулира борба со „Исламската држава“, пишува „Рускаја служба новостеј“, а пренесува „Лента.ру“.
„Директно ќе кажам, тоа е во основа имитирањето борба со ИДИЛ, никакви сериозни резултати немаше“, истакна Долгов.
Тој исто така смета дека за неуспех може да се смета и позицијата на Западот во однос на сериозните прекршувања на правата на човекот во Украина. „За една година, уште еднаш ќе потенцирам, ништо практично на овој план од страна на Западот во смисла на поттикнување на Киев за промена на ситуацијата не беше сторено“, смета претставникот на МНР РФ.
Како заклучок, Долгов, шегувајќи се, додаде дека за фијаско може да се смета и отсуството на снег во Москва и Подмосковјето пред Нова година. „Времето носи свои изненадувања кои не се секогаш позитивни“, истакна тој.
Од друга страна, претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков го смета за настан на годината настапот на претседателот на Русија Владимир Путин во Генералното собрание на ООН. За неуспех на годината Пушков го смета неуспехот на лидерството на САД на Блискиот Исток. Откритие на годината, според него, претставува „немоќта на Брисел во бегалската криза“, пренесува „Рамблер.ру.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче