„Пилотите се наградени за заслуги за зајакнување на одбранбената способност на земјата и високи лични постигнувања во службата со Указ на Претседателот на Руската Федерација. На 1 август екипажите на ловци-пресретнувачи МиГ-31БМ реализираа уникатен лет во должина од над 4000 км со три ноќни полнења на гориво во воздух на маршрутата аеродром Донмљ (Забајкалски крај) - аеродром Сокол (Пермски крај). Летот беше реализиран првпат во практика со употреба на борбени авиони од наведениот тип“, истакна Рошчупкин.
Полнењето на гориво во ноќни услови се вршело на висина од 4-5 илјади метри. Притоа пилотите се ориентирале со помош на инструменти, пишува „Взгљад“.
„Борбените авиони (МиГ-31БМ) со брзина од 550/км на час приоѓаа до воздушните танкери Ил-78 на растојание од 10 метри и воспоставуваа контакт со сензорите. За една минута од танкерот се полнети повеќе од 2 тона гориво“, соопшти Министерството за одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче