„Ројтерс“: Вашингтон го призна успехот на руската операција во Сирија

Официјални претставници на САД и американски воени аналитичари признаа дека руската операција во Сирија од почетокот до овој момент останува успешна, пишува „Ројтерс“.

Официјални претставници на САД и американски воени аналитичари признаа дека руската операција во Сирија од почетокот до овој момент останува успешна, соопштува Ројтерс“, а пренесува РИА „Новости“.

Русија може да спроведува операции во Сирија на сегашното ниво со години без некакви суштински загуби, сметаат тие. „Оваа оценка не соодветствува на јавните изјави на претседателот Барак Обама и неговите главни помошници, според кои Путин се впуштил во непромислена мисија заради поддршка на сирискиот претседател Башар Асад. За оваа операција сѐ потешко ќе се наоѓаат пари и таа, според сѐ, ќе пропадне“, објаснува „Ројтерс“.

Притоа за главна цел на Москва во Сирија Американците ја сметаат поддршката за официјален Дамаск. Руските власти, вклучително и самиот претседател Путин, изјавуваа дека целта на операцијата на руските ВКС во Сирија не е поддршка за Асад, туку борба против меѓународниот тероризам.

„Мислам, нема сомневање, дека режимот на Асад благодарение на руската поддршка сега се наоѓа во позаштитена положба од претходно“, изјави претставник на администрацијата на Обама кој сакаше да остане анонимен.

Успешноста на руската операција ја признаваа и други официјални претставници на САД прашани од „Ројтерс“.

Тие потенцираат дека предолгото учество на Москва во сирискиот конфликт е преполно со проблеми. Меѓутоа, засега Русија има покажано умешно финансирање на оваа операција. На пример, падот на цените на нафтата кои во целина се штети за руската економија, овозможи зголемување на одбранбениот буџет за сметка на намалувањето на трошоците за гориво за авионите и бродовите.

Еден од претставниците на американското разузнавање смета дека Русија свесно се впуштила во операцијата во Сирија, затоа што има можност на тој начин да го тестира новото вооружување во борбени услови, особено управувањето со беспилотни летала.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.