На Црвениот плоштад во Москва за Нова година само со пропусница

На Црвениот плоштад во Москва во новогодишната ноќ ќе се снима концертот „Синото оганче“ и затоа пристап до главниот плоштад ќе имаат само оние со специјални пропусници, изјави шефот на одделот за регионална безбедност и спречување на корупција Алексеј Мајоров.

„Сакам да предупредам дека за дел од објектите на кои ќе се одржуваат манифестации, особено во центарот, ќе се дозволува пристап само по извршена проверка. Особеноста на ова Нова година ќе се состои во тоа што на 31 декември на Црвениот плоштад ќе се снима празничниот концерт „Синото оганче“, изјави Мајоров за телевизијата „Москва 24“, а пренесува „Взгљад“.

„Годинава ќе се снима на Црвениот плоштад. И затоа таму ќе има луѓе кои имаат соодветна пропусница“, истакна Мајоров.

Според неговите зборови, граѓаните ќе можат да ја дочекаат Новата година во парковите каде ќе има специјални програми. Покрај тоа, до 3 часот ќе трае фестивалот „Пат до Божик“, „со исклучок на оние точки кои се наоѓаат во непосредна близина на Црвениот плоштад“.

На московјаните им стојат на располагање  21 парк каде ќе може „да се одморат на свеж воздух и да се радуваат на пристигањето на Новата година“, изјави Мајоров.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.