Лавров: Повеќето политичари од ЕУ сметаат дека судирот со Русија е грешка

„Понекогаш она што го изговараат од говорницата противречи на она што го зборуваат кога сме очи в очи, кога никој друг не слуша“, истакна шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Официјалните изјави на политичарите од земјите на Европската унија по повод односите со Русија поради Украина сѐ почесто се разидуваат со она гледиште кое го објавуваат во кулоарите, изјави во понеделникот министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за ТВ-каналот „Ѕвезда“, пренесува ТАСС.

„ Понекогаш она што го изговараат од говорницата противречи на она што го зборуваат кога сме очи в очи, кога никој друг не слуша“, истакна Лавров.

„Насамо повеќето членки на Европската унија велат дека е грешка да се влезе во судир со Русија поради Украина, која е во суштина жртва на политиката на Европската унија, затоа што таа се обиде да ја стави пред избор“, додаде тој. „И сите велат: сите тие сега малку ќе се смират, треба да се исполни „Минската спогодба“, тогаш ќе ѝ се вратиме на нормалната соработка, стратешкото партнерство“, продолжи тој. „Но кога тие сите заедно ќе се соберат и зборуваат од говорницата, тоа не можат да го кажат“, заклучи шефот на руската дипломатија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња