Како ќе биде изграден „Кримскиот мост“

Сите заинтересирани можат да се запознаат со текот на изградбата на Кримскиот мост преку информативната платформа most.life.

Кримскиот мост доби свој официјален сајт преку кој може да се следи текот на работите, соопшти инфо-центарот „Кримски мост“.

„Започна со работа информатвната платформа most.life (мост.рф), на која сите заинтересирани можат да се запознаат со текот на изградбата на Кримскиот мост. Називот на сајтот (most.life) не е одбран случајно. Квалитетот на животот на луѓето на двата брега зависи од мостот“, истакнуваат претставниците на инфо-центарот. Сајтот опфаќа три тематски блокови. Сегментот „За проектот“ зборува за тоа како разни генерации се обидувале да ги поврзат бреговите на Керченскиот теснец. Тука е претставена и хрониката на современиот проект, главните технички параметри на мостот, карактеристиките на територијата на градилиштето. Главните информации се дадени преку интерактивна карта. Освен тоа, на овој ресурс е објавен и спот со архитектонска визуелизација на мостот.

Сегментот „Мултимедија“ опфаќа графикон, фотографии и видео-снимки. Содржината на овој сегмент на сајтот ја опишува секоја фаза на реализацијата на Кримскиот мост. Во сегментот „Вести“ се наведуваат хронолошки клучните настани во реализацијата на проектот. „Овде веќе се објавени материјалите кои се собрани последниве осум месеци, од почетокот на активната подготовка на теренот за изградба“, пренесува РИА „Новости“ - Крим.   

Видеото за Кримскиот мост можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.