Конгресот на САД го објави годишниот извештај во кој ја стави Русија на второ место, по САД, според извозот на оружје, пишува американскиот „Њујорк Тајмс“, а пренесува „Лента.ру“.
Во 2014 година Русија заработила од продажба на оружје 10,2 милијарди долари (во 2013 година - 10,3 милијарди).
САД го задржаа лидерството во оваа сфера со зголемување на добивката од експорт на оружје за 10 милијарди долари. Така, во 2013 година Американците заработиле 26,7 милијарди долари, а во 2014 година го зголемиле овој показател на 36,2 милијарди. Порастот се објаснува со големите договори со Катар, Саудиска Арабија и Јужна Кореја. На тој начин, САД контролираат 50 проценти од светскиот пазар на оружје.
На трето место е Шведска со добивка од 5,5 милијарди долари. По неа следуваат Франција (4,4 милијарди) и Кина (2,2 милијарди).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче