Медиум: Русија ги ублажи последиците од санкциите со извозот во Кина

Обидите на Саудиска Арабија со дампинг на цените да ја стави Русија на колена не завршија со успех, пишува „Јунге Велт“.

Со својата политика за намерно снижување на цените на нафтата Саудиска Арабија не успеа „да ја стави Русија на колена. Место тоа, Москва успеа да излезе на нови пазари, пред сѐ во Кина“, пишува „Јунге Велт“, а пренесува „ИноТВ“.

Според податоците на кинеската царинска служба, Саудиска Арабија во 2014 година ги намали своите испораки на нафта во Кина од 44 на 50 милиони тони. Русија пак, го зголеми извозот на нафта на 34 милиони тони, што двојно ги надминува показателите од 2010 година, истакнува изданието.

„Овој извозен успех ѝ помогна на Русија да ги ублажи последиците од западните санкции. Истовремено успехот е резултат на партнерството меѓу Москва и Пекинг кое се протега далеку зад границите на сферите во енергетиката, трговијата и останатата економска соработка. Партнерството вклучува заедничка стратегија за ограничување на милитаристичките авантури на западните империјалисти. Последново се гледа преку координираните активности на Русија и Кина во Советот за безбедност на ООН“.

Важен елемент на оваа руско-кинеска стратегија се заедничките напори за намалување на зависноста на меѓународната трговија од доларот. „Од јануари плаќањата за руските испораки на нафта и гас за Пекинг, како и другите трговски операции меѓу двете земји ќе се вршат во рубли и јуани, а не како порано, во американски долари. Независноста од американскиот долар истовремено ќе донесе стабилност во трговските односи меѓу Русија и Кина“, истакнува изданието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.