Командант на ВКС РФ: С-400 воведе ред на сириското небо

Откако во Сирија е префрлен ПВО системот С-400 на сириското небо е воведен ред, изјави командантот на Воздушно-космичките сили на РФ Виктор Бондарев.

Во интервју за телевизијата „Русија 24“, во кое ги сумираше резултатите од изминатава година, командантот на Воздушно-космичките сили на РФ Виктор Бондарев рече дека со испораката на системот С-400 во Сирија  „таму е веднаш воведен ред во воздушниот простор“.

„Воено-космичките сили никогаш не гаѓале цивили објекти во Сирија“, изјави Бондарев, нагласувајќи дека сите операции се спроведувани против терористите. „Добро обучените пилоти никогаш не промашија, ниту еднаш не гаѓаа училишта, болници или џамии“. Тој нагласи дека планот на операцијата е внимателно подготвен и во соработка со сириското раководство.

Бондарев, исто така, истакна дека „ВКС РФ во 2017 година ќе почнат да ги добиваат најновите ловци Т-50“. Тестирањата на авионот чии технички иновации и карактеристики на моторот обезбедуваат исклучително ниска радарска, оптичка и инфрацрвена видливост успешно се вршат и ќе бидат завршени догодина, нагласи командантот на ВКС РФ. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња