ИД упати закани до Русија, Европа, Америка, Израел и Саудиска Арабија

Терористичката организација „Исламска држава“ објави аудио-снимка со обраќање на лидерот Абу Бакр Ал-Багдади во која тој упатува закани до Русија, САД, ЕУ, Израел и Саудиска Арабија.

„САД, ЕУ, Русија, Евреи и нивните сојузници, Бог ни вети победа, нареди да војуваме со вас и ние ќе победиме“, се наведува во аудио-снимката што трае 24 минути и е објавена на Твитер. „Во најскоро време, со дозвола на Алалх, ќе ги слушнете чекорите на муџахедините... Од ден на ден ви се приближуваме“.

Освен до западните земји, Русија и Израел, закани се упатени и до Саудиска Арабија која неодамна објави дека формира сопствена антитерористичка коалиција од муслимански земји, пишува „Комерсант”.

Како што се наведува на снимката, нападите врз ИД не им нанеле значителна штета на терористите, туку повеќе им оделе во корист, затоа што помогнале да се зајакнат редовите на нивната организација.

Како што пренесува „Ројтерс“, снимката е објавена на неколку профили на Твитер на кои „Исламската држава” обично ги објавува своите официјални соопштенија.    

Ова е прво јавно соопштение на лидерот на ИД Абу Бакр Ал Багдади во последниве неколку месеци откако тој, како што се претпоставува, беше ранет во еден од воздушните напади. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.