Претседателот на Русија Владимир Путин нареди да се создадат во низа приморски градови во Русија оперативни штабови за организација на планирањето на силите за борба со тероризмот, пренесува РИА „Новости“. Текстот на указот е објавен на официјалниот интернет-портал за правна иформација.
„Да се формираат во градовите Каспијск, Мурманс, Петропавловск-Камчатски, Симферопол и Јужен Сахалин оперативни штабови во приморските реони за организација на планирањето за примена на силите и средствата на федералните органи за борба со тероризмот и управување со контратерористичките операции“, се вели во текстот на указот.
Со овој указ се внесуваат и дополненија во одредбата за Националниот антитерористички комитет на РФ во деловите што се однесуваат на работата на новите оперативни штабови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче