Министерството за одбрана на Русија по повод 100-годишнината од формирањето на силите за противвоздушна одбрана објави уникатни видеа од експерименталните боеви гаѓања со ракетниот систем „Тор-М2У“ во движење и снимки од ноќните гаѓања на најновиот ракетен систем С-300В4.
Гаѓањата беа реализирани на полигонот „Капустин Јар“ летово, пренесува „Рамблер.ру“.
„Боевото гаѓање со „Тор-М2У“ се реализираше во движење по беспатица при брзина од 25 км/ч. Целта беше уништена со првата ракета. Гаѓањето од таков вид ракетен систем беше реализирано првпат и нема слични во светот. Во иднина можноста за гаѓање воздушни цели ќе им овозможи на силите за ПВО покривање на воени колони во движење без ограничување“, соопшти министерството.
Исто така со првата ракета во текот на ноќното гаѓање беше уништена нова ракета-цел „Пенсне“ со ракетниот систем С-300В4, истакнаа од министерството.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче