Во музичката шоу-програма „Глас” на рускиот Прв канал победи јеромонахот Фотиј (Мочалов), јеромонах на Боровскиот манастир „Св. Пантуфиј“ во Калушката област.
Во финалната вечер за јеромонахот Фотиј гласаа 76% од гледачите, пренесува „Взгљад”.
„Мојата победа, мислам, не е сосем заслужена“, изјави победникот. „Го изразувам својот восхит спрема учесниците кои беа пред мене и кои го напуштија натпреварувањето. Тие се големи професионалци. Не нам како стигнав до овој врв“.
Тој му се заблагодари на својот ментор Григориј Лепс и на тимот што работеше на проектот.
Во финалето јеромонахот Фотиј уште еднаш ја изведе композицијата „Per te” (За тебе).
Продуцентот на проектот „Глас” Јуриј Аксјута соопшти дека „над 940 илјади повици и пораки пристигнаа од ТВ-гледачите во текот на директниот пренос. Сите овие пари одат во добротворни цели“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.