Руската авијација во Сирија уништи техника на ИД што превезувала нафта

Руската авијација на територијата на Сирија уништи транспортна техника на терористите со која се пренесувало нафта.

Министерството за одбрана на Русија на својот канал на „Јутјуб“ објави видео на кое се гледа уништување на автомобилска техника на терористите од „Исламската држава“ со која се транспортирала нафта на територијата на Сирија, пренесува РИА „Новости“.

На снимката се гледа како по воздушните удари на ВКС РФ гори колона со цистерни.

Претходно началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС РФ генерал-потполковник Сергеј Рудској изјави дека цистерни и камиони со нафта продолжуваат да преминуваат од Сирија во Турција.

Рудској исто така додаде дека руската авијација продолжува да посветува првостепено внимание на прекинувањето на изворите на приходи на терористите во Сирија. Според неговите зборови, последнава недела биле уништени 37 објекти за добивање и преработка на нафта што ги користеле терористите, како и 17 колони цистерни кои превезувале нафта и нафтени деривати.  


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.