Оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ доби нова аеробалистичку ракета, соопшти генералниот конструктор на научно-производната корпорација „Конструкторско биро за машиноградба“, који улази у дел од холдингот „Високопрецизни системи“ на државната корпорација „Ростех“, Валериј Кашин.
„Со години го развиваме и унапредуваме вооружувањето на ракетниот систем „Искандер-М“. Создадена е, меѓу другото, аеробалистичка ракета, која во декември успешно ги помина тестовите во различни ресори“, изјави Кашин.
Тој објасни дека сега „Искандер-М“ може да биде опремен со пет видови аеробалистички ракети и една крстосувачка.
„Искандер-М“ е предвиден за неутрализација на цели на далечина од 500 километри како што се ракетни системи и повеќецевни ракетни фрлачи, далекусежна артилерија, командни пунктови и комуникациски центри, авиони и хеликоптери на аеродроми,пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче