„Ако потоа не се појави фобија поради идеологизација на културата, тогаш се согласувам (за спроведување единствена државна политика)“, изјави Путин на седницата на претседателскиот Совет за култура и уметност, пишува „Взгљад“.
„А доколку по донесувањето на тоа решение почнат муабети дека кај нас повторно никнува некаква единствена идеологија и државата ќе притиска за реализација на своето, тогаш подобро не. Подобро да не се гиба тоа“, рече Путин.
„Ве молам да размислете за тоа. Јас немам ништо против доколку сте сите за. Ова е сериозно прашање... Доколку сите сметате дека ќе биде подобро, дека тоа ќе ги концентрира ресурсите, вниманието на државата и регионите, општините, тогаш треба да се одрази тој силен сигнал во законодавството. Но тоа треба да се продискутира со сите“, резимираше Путин.
Претседателот на состанокот исто така му наложи на Министерството за култура да формулира јасни предлози за заштита на спомениците на културата од сите степени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче