Украина од 1 јануари со нови санкции против Русија

Украина има намера да одговори со „слични мерки“ на одлуката на Русија за запирање на Договорот за зоната за слободна трговија со Украина, изјави премиерот Арсениј Јацењук.

Владата на Украина има намера од 1 јануари 2016 година да воведе „слични мерки“ против Русија како одговор на одлуката на Москва за суспендирање на зоната за слободна трговија (ЗСТ) и воведување производствено ембарго, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук во четвртокот, пренесува РИА „Новости“.

„Како одговор на нашите долготрајни консултации Русија, како и што се очекуваше, воведе трговско ембарго на украинските стоки кое ќе стапи на сила од 1 јануари идната година. Тоа не е прва одлука на РФ, туку систематски притисок во текот на последниве 10 години врз Украина со цел да не ѝ се даде можност на украинската економија да се развива... Но тие руски одлуки добија и ќе добијат достоен одговор“, изјави Јацењук, презентирајќи го законот пред пратениците на Врховната рада.

Според неговите зборови, Киев последниве три години ја намалил зависноста од РФ во трговијата за три пати. „Ако пред три години обемот на извоз на украински производи во РФ изнесуваше околу 35%, денес ја скративме за три пари зависноста од рускиот пазар, и тој обем изнесува само 12%“, додаде Јацењук.

„Законот што бараме да се прифати се состои во следново: владата на Украина во случај на прифаќање на овој закон од 1 јануари идната година ќе воведе слични рестриктивни мерки против Руската Федерација, ние ќе го штитиме домашниот пазар на Украина“, додаде тој.

Парламентот на Украина во четвртокот го прифати наведениот закон

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.