Русија и Индија се залагаат за создавање широка коалиција за борба против терористичката организација „Исламска држава“, што е во интерес на целата меѓународна заедница, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.
„Нашите земји се залагаат за политичко регулирање на конфликтот во Сирија, за помош на процесот за национално помирување во Авганистан. Убедени сме дека е во интерес на целата меѓународна заедница формирањето широка антитерористичка коалиција која ќе делува врз основа на меѓународното прави и под закрила на ООН“, изјави Путин по средбата со премиерот на Индија Нарендра Моди.
Премиерот на Индија потврди дека позициите на РФ и Индија во прашањата за борба против тероризмот се совпаѓаат.
„Со претседателот Путин имаме голем степен на блискост во ставовите за глобалните прашања... Заедно веруваме дека светот треба да се обедини и да преземе заеднички дејствија во борбата со тероризмот“, рече Моди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче