Началникот на Генералштабот на ВС РФ Валериј Герасимов на состанокот со францускиот колега во Москва презентираше податоци за тоа како Турција префрлува екстремисти во северните делови на Сирија со цел пополнување на редовите на „Исламската држава“, соопшти Министерството за одбрана на РФ.
„Генералот на армија Валериј Васиљевич Герасимов презентираше информација за пљачкањето на природните богатства на Сирија, нагласувајќи дека приходот оди за финансирање на ИД, како и за улогата на Турција во тој процес. Презентирани се податоци за турското префрлање на екстремисти во северните на Сирија со цел пополнување на редовите на терористите“, се наведува во соопштението на МО РФ.
Покрај тоа, шефот на Генералштабот на РФ се договори со својот француски колега за размена на оперативни информации за координација на дејствијата на двете земји во борбата против ИД во Сирија.
Исто така, двете страни разменија мислења за ситуацијата во Сирија, ги дефинираа перспективите на интензивирањето на заемните дејствија во борбата против меѓународниот тероризам, вклучувајќи формирање на работна група од воени експерти на генералштабовите на двете земји.
Договорено е воспоставување размена на оперативни информации за координација на дејствијата со цел поефикасна ликвидација на командните пунктови, воената техника, магацините, снабдувањето на терористите и друга инфраструктура на ИД во Сирија, пренесува „РТ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче