Путин: Одговор на санкциите ќе биде слободата на претприемништвото

Русија ќе одговори на санкциите со развој на слободата на претприемништвото во земјата, вети претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со претставниците на бизнис-круговите.

Русија ќе одговори на санкциите со развој на слободата на претприемништвото во земјата. Исто така активно ќе се развива соработката со други земји. Ова го вети претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со претставниците на бизнис-круговите, пренесува „Вести.ру“.

„Многупати кажав: нашиот одговор на надворешните санкции е проширувањето на слободата на претприемништвото, заштита на сопственоста, права за секој кој чесно работи и го води својот бизнис“, изјави Путин.  

Шефот на руската држава истакна дека во 2015 година руските компании и банки работеле во услови на санкции и ниски цени на нафтата, меѓутоа обезбедиле стабилна работа.

„Руските компании, банките дејствуваа во услови на ограничен пристап до надворешните пазари. Сериозно значење имаше наглото снижување на цените на нафтата и, се разбира, колебањата на девизните курсеви. Но, без оглед на сложената конјунктура, на објективните тешкотии, вие обезбедивте стабилна работа на претпријатијата, ги задржавте работните колективи“, им се обрат на претприемачите рускиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.