„Најважната задача на владата е да ја врати економијата на Русија на стабилно темпо на раст. Јас детално зборував за тоа, како што знаете, и во Обраќањето до Федералното собрание, и на нашата средба посветена на практичната реализација на поставените задачи“, рече Путин на состанокот со членовите на владата, пишува „Взгљад“.
Путин изјави дека е потребно да се биде подготвен, затоа што периодот на ниски цени на извезуваните сировини од Русија и надворешните ограничувања може да се одолжи.
„Потребно е самите да постигнеме резултат врз основа на постојната база, тековните компликации треба да послужат како стимул за зголемување на ефективноста на економијата и социјалната сфера“, смета рускиот претседател.
Путин исто така изјави дека владата во сложената ситуација демонстрирала способност за решавање на сложени задачи.
Според неговите зборови, благодарение на антикризниот план, постигнат е успех во одржувањето на реалниот сектор во економијата и во зајакнувањето на довербата спрема банкарскиот систем.
Претходно во вторникот, 22 декември, премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека антикризниот план на владата ја исполнил својата задача и овозможил во значителна мера да се неутрализира влијанието на надворешните фактори врз руската економија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.