„Конфликтот на истокот на земјата е, од една страна, единствен начин Западот да не го загуби интересот за Украина, а значи и да продолжи да дава финансиска помош која потоа оди за коруптивни цели.
А од друга страна, тоа е можност постојано да му се повторува на народот на Украина дека земјата е во состојба на војна. Затоа оваа криза без промени е само од полза на режимот во Киев“, рече Пушков во интервјуто за весникот „Росијскаја газета“.
Политичарот смета дека Украина преживува благодарение на ММФ кој поради неа ги менува својата политика и правилата.
„А режимот во Киев само по себе во случај на намалување на напнатоста во Донбас ќе се најде во многу тешка ситуација“, изјави Алексеј Пушков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.