Поранешниот прв човек на ЈУКОС Михаил Ходорковски, по кого е распишана меѓународна потерница, изјави дека ја разгледува можноста да побара политички азил во Велика Британија.
„Разгледувам различни можности. Една од нив е барање за политички азил во Велика Британија. Но засега не сум подготвен да зборувам за тоа“, изјави Ходорковски во интервју за британската телевизија „Би-Би-Си“, пренесува РИА „Новости“.
Ходорковски исто така истакна дека апсењето во отсуство значи за него немање можнот за компромис со руските власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.