Анкета: Индексот на оптимизам кај Русите е на историски максимум

Руските граѓани ја испраќаат 2015 година во исто расположение како и претходната: индексот што го покажува тоа остана на нивото од 60 бодови (историски максимум).

Индексот на оптимизам кај руските граѓани според резултатите од 2015 година достигна историски максимум, а исто така се зголеми и индексот на очекувања од иднината на нив на земјата – за тоа сведочат резултатите од истражувањата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

„Руските граѓани ја испраќаат 2015 година во истото расположение како и претходната: : индексот што го покажува тоа остана на нивото од 60 бодови (историски максимум), додека можниот минимум е 10, а максимумот 90 бодови. Нивото на оптимизам е високо: спроти 2016 година 41% испитаници се добро расположени. Уште  43% не чувствуваат ниту тага, ниту радост, а само 14% се песимистични и признаваат дека не очекуваат ништо добро од иднината“, се наведува во соопштението на сајтот на  ВЦИОМ, пренесува „Взгљад”.

52% граѓани на Русија изминатава година ја нарекоа „добра” или „успешна” (во 2014  година овој процент изнесуваше 59%), додека тешкотиите преовладувале во животите на 47% од испитаниците. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.