На прашање на ТВ-каналот „Дожд“ дали и колку руската воена интервенција во Сирија е оправдана, Захарова рече дека „Исламската држава“ застрашувачки брзо регрутира млади луѓе, пренесува ТАСС.
„Нивната пропаганда, начинот на кој ги привлекуваат луѓето во својата мрежа е резултат од користењето на современи методи, на најновите информативно-комуникативни средства. Тоа е сосем друг проблем, прашањето за некаква идеологија на нечовечноста што ти ја наметнуваат. Никогаш не сме виделе нешто слично“, додаде Захарова.
Портпаролот на МНР РФ исто така истакна дека таа закана се одвива во непосредна близина на руските граници. „И кога ме прашувате дали (руската интервенција) е оправдана или неоправдана... тука нема опции за одговор“, рече Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче