Русија објави меѓународна потерница по Ходорковски

За Михаил Ходорковски е објавена меѓународна потерница, соопшти во средата портпаролот на Истражниот комитет на Русија Владимир Маркин.

За Михаил Ходорковски е објавена меѓународна потерница, се вели во соопштението на Истражниот комитет на РФ, пренесува „Взгљад“.

Според информациите на истрагата, Ходорковски е акционер и претседател на управата на нафтената компанија ЈУКОС. Од 1998–1999 година им наложил на своите вработени Невзлин и Пичугин, како и на други лица, убиство на градоначалникот на Нефтејуганск Петухов и претприемачот Рибина, чии службени дејности им противречеле на интересите на ЈУКОС.

За истрагата е апсолутно очигледно дека тие злосторства се направени од користољубие. Убиството на Петухов било организирано поради неговите легитимни барања во својство на градоначалник на Нефтејуганск спрема ЈУКОС за враќање на даноци затаени од државата. Атентатот врз претприемачот Евгениј Рибин бил поврзан со неговите тужби против ЈУКОС за надомест на штета причинета од незаконската дејност на нафтената компанија.

За извршување на овие дела веќе се осудени неколку лица во Русија.

„За Михаил Ходорковски е објавена меѓународна потерница“, додаде портпаролот на истрагата Владимир Маркин. 

Портпаролот на Ходорковски Кјуле Писпанен изјави дека нејзиниот шеф нема намера да го менува начинот на живот поради потерницата и налогот за апсење во отсуство.

„Нему апсолутно му е сеедно. Тие дејствија на ниеден начин нема да го ограничат неговото движење“, изјави портпаролот. Сајтот на Интерпол засега нема податоци за потерницата по Ходорковски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.